Friday, November 13, 2015

Пронајдени човечки коски во шума под Галичник

Се претпоставува дека станува збор за мошти на свештеници кои биле ликвидирани во 1918 година од страна на тогашните српски власти. Според преданијата, во тоа време поповите од старата црквата Света Петка, во која на времето имало и училиште, се спротиставиле на намерата на новата власт да спроведе србизација на локалното населени, поради што биле ликвидирани на локација која е тешко достапна. За овој случај на времето било строго забрането да се говори од страна на властите со цел истиот да биде заборавен.
Моштите се откриени благодарени на 93-годишниот Зендел Ахмеди од селото Ростуше. Тој уште како дете, шетајќи се по падините на Бистра, забележал две распаднати тела во мантии и црковни ознаки. Неодамна, старецот одлучил оваа тајна да ја сподели со игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј.
Тој веднаш пратил монаси да го бараат местото, но не успеале да го најдат, бидејќи минало доста време и природата со своите дејствија ги покрила коските. Игуменот изгубил надеж дека моштите може да бидат пронајдени, сепак, монасите Пајсиј, Амвросиј и Нифонт одлучиле повторно да се обидат да ги пронајдат моштите.
Бигорските монаси тргнале во потрага рано утрото на 5-ти ноември. Прво отишле во Ростуше кај дедо Зендел, кој од својата куќа, којашто се наоѓа на самиот почеток од селото, им го покажал правецот кон пештерата, односно процепот каде што тој некогаш ги видел телата на свештениците. Монасите се упатиле кон местото наречено „Кај поповите“.
Целиот ден го минале барајќи ја пештерата, па дури и се одвоиле за да можат што подобро да бараат низ планината. Пред стемнување отецот Нифонт, губејќи секаква надеж дека ќе ги најдат моштите, здогледал птица на небото како врти над едно место.
Монахот тргнал кон местото и забележал голема карпа, а во неа процеп со мала пештера. Местото било покриено со земја, гранки, камења и лисја, но Нифонт паднал на колена и почнал да копа со раце во земјата. На 20-30 сантиметри длабочина пронашол коска. Продолжил да копа уште подлабоко и почнале да се појавуваат уште коски. Кога видел дека се човечки, почнал да ги вика другите монаси кои стигнале набрзо и се увериле дека станува збор за човечки коски. Потоа брзо се вратиле во манастирот, му кажале на отец Партениј дека го пронашле местото каде што се наоѓаат коските, а тој ја известил полицијата.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски за Макфакс потврди дека на 6-ти ноември во полициско одделени Ростуше еден од свештеници на манастирот Свети Јован Бигорски пријавил дека двајца монаси на 5-ти  ноември во попладневните часови на местото наречено „Кај поповите“ пронашле 30 најверојатно човечки коски, ги подигнале, ги ставиле во вреќа и ги однеле во манастирот ставајќи ги во посебна просторија.
Следниот ден, тројцата монаси заедно со професионален тим за увид, составен од двајца полициски специјалци, инспектор по крим-техника, инспектор од крим-полиција и доктор од Маврово, извршиле комплетен увид на самото место при што пронашле стотина коски и други материјали.
„Направена е фотодокументација, а остатоците ќе се вештачат на Судска медицина, со цел да се утврди од кое време потекнуваат“, изјави Јосифоски.
Тој информира дека пределот бил исклучително карпест, а коските биле плитко закопани. Полицијата во разговор со локалното населени добила информации дека станува збор за тројца свештеници кои служеле во мијачкото село Галачник, а биле застрелани од страна на српската жандармерија во 1918 година, бидејќи не сакале да прифатат српска црковна власт.
Сепак, вели Јосифоски, со вештачење прецизно треба да се утврди дали навистина овие коски потекнуваат од тоа време и им припаѓаат на свештениците или, пак, се работи за некоја друга мистерија.
На местото на настанот за време на увидот бил и мавровскиот доктор Соле Шотароски, кој за Макфакс раскажува дека по работите коишто биле пронајдени на местото, како што се синџири, катанчиња и некои други знаци, монасите биле сигурни дека остатоците потекнуваат од свештени лица.  Според процената на докторот, коските се стари најмалку 70 години.
Увидната екипа се одлучила до местото на настанот да не оди од Бигорскиот манастир нагоре, туку со теренски возила да пристигнат до месноста „Требишка рупа“ и оттука да почнат да слегуваат надолу. Теренот бил исклучително тежок за одење, а целата екипа била изложена на опасност од евентуално лизгање по карпестиот предел.
„Поминувавме низ места каде што ниту дива коза не минува. Полицајците во неколку наврати ми укажаа дека теренот е исклучително опасен и дека можеби е подобро јас да се откажам, но ниту еден миг не се поколебав и не почувствува страв. Цврсто верував дека Господ нé штити и дека безбедно ќе ја завршиме работата“, рече Шотароски за Макфакс.
Тој вели дека тргнале во раните утрински часови и дека откако го завршиле увидот веќе ги фатило темнина, по што се спуштиле надолу кон Бигорскиот манастир.
Во наредните денови се очекува монасите да проверат во црковните книги, кои свештеници служувале во Галичник во 1918 година, со цел да бидат откриени имињата на погубените попови
Бигорскиот манастир ќе го истражува овој настан и ќе се обиде целосно да го расветли. Монашкото братство упатува апел до јавноста, доколку некој знае нешто за овој случај да го извести манастирот со цел да се открие историјата и идентитетот на убиените свештеници.

via Kajgana.com
http://kajgana.com/pronajdeni-koski-na-ubieni-sveshtenici-vo-shumata-pod-galichnik

Leia Mais…

Sunday, May 10, 2015

Ден на жалост


Црниот гавран се разлета над Куманово,
довека ќе се памети тоа утро саботно.
Револвери, куршуми расфрлени насекаде,
јунак до јунак кој од кој поголем!
Срце лавовско, срце јуначко
срце големо македонско... 
Прости им боже незнаат што прават
на предавниците што светата земја ја газат.
Чувај ги боже нашите херои,
чувај ги таму горе Саше, Жарко, Ненад
и секој еден што за земјава се бори.
Слава и почит јунаци македонски, 
09.05 да не се повтори ниту заборави.



Leia Mais…

Thursday, March 26, 2015

Цртежи на НЛО од 1350 во Високи Дечани, Косово



Манастирот Високи Дечани


Leia Mais…

Saturday, March 7, 2015

'Ртањска пирамида во соседна Србија



Leia Mais…

Tuesday, March 3, 2015

3D проекција на добро познатата куќа во Црниче

Денес е само рушевина, но никогаш нема да ја заборавиме. За тие што се плашеа да ја посетат, сега можат слободно да "прошетаат".

Leia Mais…

Saturday, December 6, 2014

Вила Зора(Велешко)-Тајна гробница?

Околу областа Вила Зора (Велешко) имаше голема фама... Се претпоставуваше дека има голема веројатност таму да е гробот на Александар. Имаше сериозни археолози од целиот балкан кои со недели работеа на местото и тврдеа дека се работи за тајна гробница која може да ја открие само оној кои ке ги "прочита" тајните симболи околу местото кажуваа дека измериле дека е многу метри длабока итн. Но како и се во државава така и ова секое чудо за 3-ри дена не продолжило ископувањето и пронаоѓањето и никому ништо.

Leia Mais…

Monday, June 16, 2014

Наскоро книга "Македонски Мистерии"

Чест ни е да ви пренесеме дека моментално се "готви" нешто специјално за вас. Аматерска книга полна со сите Македонски мистерии, па дел и од светските. Уште подобро е што се очекува да биде готова до крајот на месец јуни годинава. Замислата е да биде електронска книга, но ќе се отпечатат и неколку оригинални примерока. Најзаентересираните ќе можат да ја купат.

До тогаш се читаме,
Тимот на МистеријаМК

Leia Mais…

Thursday, June 5, 2014

Куќа во Прилеп

[​IMG]
Куќава се најдува во Прилеп, на изглед личи на нормална куќа, е сега она шо ме тера да се распрашам за куќава е крстов над вратава, и иконите на прозорците, сите прозорци се со икони на нив. Неколкупати цела улица била преполна со коли од сите градови, тогаш имаше и жена облечена исто како света Петка и ја сликаше однадвор куќава, се укажа шанса тогаш вратата да биди отворена па да видиме внатре, внатре има ..ред столици, ред столици, еден позади друг и престол за зборување напред ..чудно. Незнам за шо станува збор, можда група луѓе со поинакво верување ..ама не ја исклучувам и можноста да станува збор за секта која се задскрива зад овие симболи, крстов ..икониве. Е некој по упатен ?

Leia Mais…

Monday, April 21, 2014

Сонови... и нивно толкување

Сон:


Го сонував татко ми кој е починат, многу често го сонувам ама најчесто не ми зборел во сон. Ноќеска ми збореше како ако бил жив ќе го сменел животот и како немало да прави некои работи како што ги правел демек ќе бил подобар човек како да се извинувал за некои свои постапки. Јас сум плачела кога ми зборел. После тоа извадил пари и ми ги давал, и јас сум го прашала може ли да си купиме стан со тие пари и он се согласил. Во периодот сме во фаза на размислување дали да купиме или не, пошто ги немаме сите пари па треба да се доземе кредит ама некако сеуште се двоумиме. Што мислите, какво значење има сонот?




Толкување:

Кога ќе умре човекот, неговата свест и душа продолжуваат да живеат во астралната димензија, таму живее се додека не му се распадне астралното тело а тоа е онолку време колку што спиел додека бил жив, негде околу една третина од животот... оттаму може да види и чуе се што се случува овде,ама не може да делува на настаните а и ние не можеме да го видиме ,освен кога спиеме зашто тогаш и ние сме во астралното тело и во истата димензија ... таму покојните го живеат животот од соништата, всушност го согледуваат и живеат животот онаков каков си фале задача да го живеат уште пред да дојдат на овој свет, и ги согледуваат сите грешки кои ги направиле додека биле живи, затоа постои голема доза на каење,болка и тешкотија,ама веќе е предоцна затоа што грешките не можат да ги поправат затоа што веќе немаат тело... тоа е она што татко ти го живее , тоа е она заради што се кае и што сака да го поправи .. тој е секогаш со вас,ве гледа и ве следи ,знае што барате,знае што ви треба,ама не може да ви помогне а ве сака и е привржан за вас(се надевам нема да плачеш додека го читаш ова а ако плачеш знај дека е само заради тоа што твојата душа ја открива сликата преку моите зборови,сликата која веќе ја знае ) значи затоа тој посакува да го смени животот и да не ги направи сите работи кои не ги направил како треба,ама веќе реков, не оди така... добро знаеш дека тоа е нематеријална димензија парите таму не вредат и не постојат,само неговата силна желба ти нуди слика која би ти помогнала или олеснила некои работи... солзите од твојот сон ти претставуват скора радост и поволни услови за остварување на некоја зацртана цел.. сигурно знаеш што е тоа, она што го барате ќе го добиете и сигурно ке донесете правилна одлука ,ви посакувам успех и среќа на патот што сте го избрале .. .



Leia Mais…

Friday, April 4, 2014

МистеријаМК повторно назад со уште повеќе новости!

Од денес, после подолга оправдана пауза, се враќаме и носиме свежина со уште побогати информации. Всушност, од денес ќе се поставуваат и светски мистерии за кои мислиме дека вредат да се прочитаат, видат и слушнат.


Ви благодариме на довербата!

Leia Mais…